A A A A A

Боже: [Благослов]


Лука 6:38
Давајте и ќе ви биде давано со преполна мера, набиена, протресена, истурена во вашите скутови! Зашто со каква мера им мерите на другите, со таква и вам ќе ви биде мерено.“

Матеј 5:4
Благословени се оние што тагуваат, зашто ќе бидат утешени!

Филипјаните 4:19
Со сето Негово огромно богатство, преку Исус Христос, мојот Бог изобилно ќе ја задоволи секоја ваша потреба.

Филипјаните 4:6-7
[6] Немојте да се јадосувате за ништо, туку во сите ваши молитви барајте го од Бог она што ви е потребно и бидете благодарни за она што го добивате.[7] Ако правите така, тогаш Божјиот мир, кој е далеку над она што човек може да го разбере, ќе ги чува вашите срца и умови, поради вашата припадност на Исус Христос.

Јаков 1:17
Секој добар и совршен дар доаѓа од небото, од Бог, од Оној што ги создал небесните светила. Но за разлика од нив, Тој никогаш не се менува, кај Него нема сенка која би била резултат на поместување!

Јован 1:16
Од Неговата полнота сите ние примивме благослов врз благослов,

1 Јован 5:18
Знаеме дека ниедно Божјо чедо не продолжува постојано да греши, бидејќи Божјиот Син го чува и Ѓаволот не може да допре до него.

2 Коринтјаните 9:8
А Бог може толку изобилно да ве благослови, така што секогаш ќе имате доволно од се што ви треба, па од изобилието ќе можете да правите разновидни добри дела.

Филипјаните 4:7
Ако правите така, тогаш Божјиот мир, кој е далеку над она што човек може да го разбере, ќе ги чува вашите срца и умови, поради вашата припадност на Исус Христос.

Macedonian Bible 1999 (MNT)
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.