A A A A A
Свето Писмо 1999 (MNT)

Откровение 6



1
Кога видов како Јагнето го отвора првиот од седумте печати, се огласи едно од четирите суштества, кое громогласно рече: „Дојди!“
2
Наеднаш пред мене се појави еден бел коњ. Коњаникот што јаваше на него беше вооружен со лак. Нему му беше даден венец, бидејќи досега победувал, а и сега излезе за да остварува нови победи.
3
Кога Јагнето го отвори вториот печат се огласи второто суштество, кое извика: „Дојди!“
4
Тогаш се појави друг коњ, црвен. На коњаникот што јаваше на црвениот коњ му беше даден еден голем меч и му беше дозволено да го одземе мирот од Земјата. И луѓето почнаа меѓусебно да се убиваат.
5
Кога Јагнето го отвори третиот печат, се огласи третото суштество и рече: „Дојди!“ Наеднаш пред мене се појави еден црн коњ. Коњаникот што јаваше на црниот коњ во раката држеше терезија.
6
Потоа чув глас што доаѓаше откај четирите суштества и го кажуваше следното: „Килограм пченица ќе ве чини една дневница, три килограми јачмен ќе ве чинат една дневница, а маслото и виното ќе треба да ги штедите!“
7
Кога Јагнето го отвораше четвртиот печат, се огласи четвртото суштество, кое рече: „Дојди!“
8
Наеднаш пред мене се појави сиво-зелен коњ. Коњаникот што јаваше на сиво-зелениот коњ се викаше ,Смрт‘, а во негова придружба беше Адот. Ним им беше дадена власт над една четвртина од Земјата, за да убиваат со меч, со глад, преку болести и преку диви ѕверови.
9
Кога Јагнето го отвори петтиот печат, под жртвеникот ги видов душите на луѓето што биле убиени поради нивната вера и проповедање на Божјата порака.
10
Тие гласно Му се обраќаа на Господ: „Свет и верен Господару! До кога ќе ја одложуваш пресудата и одмаздата за нашата крв над жителите на Земјата!?“
11
Тогаш на сите ним им беше дадена бела облека и им беше кажано да се стрпат уште малку време, додека не им се придружат сите другари и сотрудници што ќе бидат убиени како и тие.
12
Гледав, понатаму, како Јагнето го отвора шестиот печат. Тогаш се случи силен земјотрес, Сонцето поцрне како црна облека, а Месечината поцрвене како крв.
13
Ѕвездите од небото испопаѓаа по Земјата, како што паѓаат смокви под дејство на силен ветер.
14
Небото се свитка како хартија и исчезна, а сите планини и острови се изместија.
15
На Земјата сите цареви, великани, воени команданти, богати и влијателни луѓе, робови и слободни - сите се засолнуваа во пештери и во засолништа под планините.
16
Тие им довикуваа на планините и на карпите: „Урнете се врз нас и затрупајте не, скријте не од лицето на Оној што седи на престолот и од лутиот гнев на Јагнето!
17
Зашто дојде страшниот ден на Нивниот гнев и кој може да го издржи!?“











Откровение 6:1

Откровение 6:2

Откровение 6:3

Откровение 6:4

Откровение 6:5

Откровение 6:6

Откровение 6:7

Откровение 6:8

Откровение 6:9

Откровение 6:10

Откровение 6:11

Откровение 6:12

Откровение 6:13

Откровение 6:14

Откровение 6:15

Откровение 6:16

Откровение 6:17







Откровение 1 / Отк 1

Откровение 2 / Отк 2

Откровение 3 / Отк 3

Откровение 4 / Отк 4

Откровение 5 / Отк 5

Откровение 6 / Отк 6

Откровение 7 / Отк 7

Откровение 8 / Отк 8

Откровение 9 / Отк 9

Откровение 10 / Отк 10

Откровение 11 / Отк 11

Откровение 12 / Отк 12

Откровение 13 / Отк 13

Откровение 14 / Отк 14

Откровение 15 / Отк 15

Откровение 16 / Отк 16

Откровение 17 / Отк 17

Откровение 18 / Отк 18

Откровение 19 / Отк 19

Откровение 20 / Отк 20

Откровение 21 / Отк 21

Откровение 22 / Отк 22