1 |
Кога видов како Јагнето го отвора првиот од седумте печати, се огласи едно од четирите суштества, кое громогласно рече: „Дојди!“ |
2 |
Наеднаш пред мене се појави еден бел коњ. Коњаникот што јаваше на него беше вооружен со лак. Нему му беше даден венец, бидејќи досега победувал, а и сега излезе за да остварува нови победи. |
3 |
Кога Јагнето го отвори вториот печат се огласи второто суштество, кое извика: „Дојди!“ |
4 |
Тогаш се појави друг коњ, црвен. На коњаникот што јаваше на црвениот коњ му беше даден еден голем меч и му беше дозволено да го одземе мирот од Земјата. И луѓето почнаа меѓусебно да се убиваат. |
5 |
Кога Јагнето го отвори третиот печат, се огласи третото суштество и рече: „Дојди!“ Наеднаш пред мене се појави еден црн коњ. Коњаникот што јаваше на црниот коњ во раката држеше терезија. |
6 |
Потоа чув глас што доаѓаше откај четирите суштества и го кажуваше следното: „Килограм пченица ќе ве чини една дневница, три килограми јачмен ќе ве чинат една дневница, а маслото и виното ќе треба да ги штедите!“ |
7 |
Кога Јагнето го отвораше четвртиот печат, се огласи четвртото суштество, кое рече: „Дојди!“ |
8 |
Наеднаш пред мене се појави сиво-зелен коњ. Коњаникот што јаваше на сиво-зелениот коњ се викаше ,Смрт‘, а во негова придружба беше Адот. Ним им беше дадена власт над една четвртина од Земјата, за да убиваат со меч, со глад, преку болести и преку диви ѕверови. |
9 |
Кога Јагнето го отвори петтиот печат, под жртвеникот ги видов душите на луѓето што биле убиени поради нивната вера и проповедање на Божјата порака. |
10 |
Тие гласно Му се обраќаа на Господ: „Свет и верен Господару! До кога ќе ја одложуваш пресудата и одмаздата за нашата крв над жителите на Земјата!?“ |
11 |
Тогаш на сите ним им беше дадена бела облека и им беше кажано да се стрпат уште малку време, додека не им се придружат сите другари и сотрудници што ќе бидат убиени како и тие. |
12 |
Гледав, понатаму, како Јагнето го отвора шестиот печат. Тогаш се случи силен земјотрес, Сонцето поцрне како црна облека, а Месечината поцрвене како крв. |
13 |
Ѕвездите од небото испопаѓаа по Земјата, како што паѓаат смокви под дејство на силен ветер. |
14 |
Небото се свитка како хартија и исчезна, а сите планини и острови се изместија. |
15 |
На Земјата сите цареви, великани, воени команданти, богати и влијателни луѓе, робови и слободни - сите се засолнуваа во пештери и во засолништа под планините. |
16 |
Тие им довикуваа на планините и на карпите: „Урнете се врз нас и затрупајте не, скријте не од лицето на Оној што седи на престолот и од лутиот гнев на Јагнето! |
17 |
Зашто дојде страшниот ден на Нивниот гнев и кој може да го издржи!?“
|
Macedonian Bible 1999 (MNT) |
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Откровение 6:1 |
Откровение 6:2 |
Откровение 6:3 |
Откровение 6:4 |
Откровение 6:5 |
Откровение 6:6 |
Откровение 6:7 |
Откровение 6:8 |
Откровение 6:9 |
Откровение 6:10 |
Откровение 6:11 |
Откровение 6:12 |
Откровение 6:13 |
Откровение 6:14 |
Откровение 6:15 |
Откровение 6:16 |
Откровение 6:17 |
|
|
|
|
|
|
Откровение 1 / Отк 1 |
Откровение 2 / Отк 2 |
Откровение 3 / Отк 3 |
Откровение 4 / Отк 4 |
Откровение 5 / Отк 5 |
Откровение 6 / Отк 6 |
Откровение 7 / Отк 7 |
Откровение 8 / Отк 8 |
Откровение 9 / Отк 9 |
Откровение 10 / Отк 10 |
Откровение 11 / Отк 11 |
Откровение 12 / Отк 12 |
Откровение 13 / Отк 13 |
Откровение 14 / Отк 14 |
Откровение 15 / Отк 15 |
Откровение 16 / Отк 16 |
Откровение 17 / Отк 17 |
Откровение 18 / Отк 18 |
Откровение 19 / Отк 19 |
Откровение 20 / Отк 20 |
Откровение 21 / Отк 21 |
Откровение 22 / Отк 22 |