A A A A A
Facebook Instagram Twitter
Свето Писмо 1999 (MNT)

1 Јован 1



1
Ви пишуваме за Исус Христос, Зборот на животот, Оној што постои уште од самиот почеток. Со свои уши Го слушнавме, со свои очи Го видовме, со свои раце Го допревме.
2
Оној што дава живот се појави! Го видовме и подготвени сме да ви сведочиме за тоа. Сакаме да ви кажеме за овој вечен Живот што беше со небесниот Татко и се појави пред нас.
3
Ви го кажуваме она што го видовме и чувме, за да ни се придружите и вие во општењето што го имаме со Таткото и со Неговиот Син, Исус Христос.
4
Ви го пишуваме ова, за да биде целосна нашата радост.
5
Ова е пораката што ја слушнавме од Исус и ви ја пренесуваме: Бог е светлина. Во Него нема ни трошка темнина.
6
Ако кажеме дека општиме со Бог, а живееме во темнина, лажеме и не се придржуваме до вистината.
7
Но ако живееме во светлина, како што и Бог е во светлина, тогаш навистина ќе општиме еден со друг, а крвта на Божјиот Син, Исус Христос, ќе не исчистува од секој грев.
8
Ако тврдиме дека не грешиме, самите се лажеме и одбиваме да ја прифатиме вистината.
9
Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе не исчисти од сета неправедност.
10
Ако тврдиме дека не сме грешни, Бога Го правиме лажливец и покажуваме дека Неговото Слово не навлегло во нас.











1 Јован 1:1

1 Јован 1:2

1 Јован 1:3

1 Јован 1:4

1 Јован 1:5

1 Јован 1:6

1 Јован 1:7

1 Јован 1:8

1 Јован 1:9

1 Јован 1:10







1 Јован 1 / 1Јов 1

1 Јован 2 / 1Јов 2

1 Јован 3 / 1Јов 3

1 Јован 4 / 1Јов 4

1 Јован 5 / 1Јов 5