1 |
Затоа, ако наоѓате охрабрување во фактот дека сте Христови следбеници, ако Неговата љубов ве утешува, ако имате заедништво со Светиот Дух, ако сте чувствителни и сочувствувате еден спрема друг, тогаш |
2 |
потрудете се мојата радост да биде целосна со тоа што ќе бидете сложни, ќе се сакате, и здружени ќе се стремите кон една иста цел. |
3 |
Немојте да правите ништо од себичност, од ривалство и со цел да се истакнете, туку работете скромно и негувајте повисоко мислење за другите, отколку за себе. |
4 |
Не гледајте си ги само сопствените интереси, туку грижете се и за потребите на другите. |
5 |
Размислувајте онака како што размислуваше Исус Христос: |
6 |
Тој, иако по Својата природа е Бог, е ја искористи Својата еднаквост со Бог за да приграби нешто за Себе. |
7 |
Напротив, се откажа од тоа и стана слуга, се роди во човечко тело и живееше како човек. |
8 |
Како човек, Тој се понижи, остана покорен и по цена на Својот живот, и понизно умре распнат на крст. |
9 |
Затоа Бог Го воздигна и Му даде име поголемо од секое друго име. |
10 |
Пред тоа име, пред Исус, сите суштества на колена ќе клекнат: небесните, земните и оние под земјата, |
11 |
сите отворено ќе признаат дека Исус Христос е Господ! Тоа ќе Му донесе слава на Бог Таткото. |
12 |
Затоа, драги мои, како што бевте послушни додека бев кај вас, уште поважно е да останете послушни и сега, кога сум отсутен. Продолжете да работите, со длабока страхопочит, за да се заокружи вашето спасение, |
13 |
зашто Бог дејствува во вас, за да ве направи желни и способни да го работите она што Тој го сака. |
14 |
Се што ќе правите, правете без да негодувате или да се расправате, |
15 |
за да бидете беспрекорни и чисти. Меѓу овие расипани, изопачени луѓе вие треба да бидете совршени Божји деца, да светите меѓу нив како што ѕвездите светат на небото, |
16 |
држејќи се цврсто до Пораката што носи живот. Така, кога Христос ќе се врати, јас ќе се гордеам со вас, зашто ќе биде јасно дека моите напори и мојата работа не биле залудни. |
17 |
Вашата вера во Господ и вашето служење се жртва што Му се принесува на Бог. Можеби мојата крв ќе треба да се излее како принос врз таа жртва. Ако биде така, јас ќе бидам среќен и ќе се радувам со сите вас. |
18 |
Така и вие треба да бидете среќни и да се радувате со мене. |
19 |
Ако Му е тоа по волја на Господ Исус, се надевам дека набрзо ќе можам да го пратам кај вас Тимотеј, та кога ќе се врати да ме израдува со вести за вас, |
20 |
зашто немам друг истомисленик што толку искрено се грижи за вас. |
21 |
Сите други работат за своја корист, а не за делото на Исус Христос. |
22 |
Но, тој се има докажано како карактерен човек. Се сеќавате како работевме заедно на ширењето на Радосната вест: како татко и син. |
23 |
Се надевам дека ќе можам да го испратам веднаш штом дознаам каква судбина ми се подготвува, |
24 |
а се надевам дека Господ ќе ми овозможи наскоро и јас да дојдам кај вас. |
25 |
Во меѓувреме, сметав дека е потребно да ви го пратам нашиот брат Епафродит, со кој заедно работевме и се боревме, откако вие ми го испративте да ми помага во разни потреби. |
26 |
Тој одвај чека да ве види, копнее да се врати дома, зашто му падна тешко што сте разбрале дека беше болен. |
27 |
Навистина беше смртно болен, но Бог му се смилува. И не само нему, туку и мене ми се смилува, за да не ми дојде тага врз тага. |
28 |
Брзам да го испратам, за да го видите и да му се нарадувате, па и јас да не бидам толку загрижен за вас. |
29 |
Затоа, пречекајте го со радост, како брат во Господ. Таквите како него треба многу да ги цените, |
30 |
зашто работејќи за Христос, тој животот си го доведе во опасност и речиси умре, за да ми помогне и да ми го надомести тоа што вие не можевте да го направите за мене, бидејќи сте далеку.
|
Macedonian Bible 1999 (MNT) |
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Филипјаните 2:1 |
Филипјаните 2:2 |
Филипјаните 2:3 |
Филипјаните 2:4 |
Филипјаните 2:5 |
Филипјаните 2:6 |
Филипјаните 2:7 |
Филипјаните 2:8 |
Филипјаните 2:9 |
Филипјаните 2:10 |
Филипјаните 2:11 |
Филипјаните 2:12 |
Филипјаните 2:13 |
Филипјаните 2:14 |
Филипјаните 2:15 |
Филипјаните 2:16 |
Филипјаните 2:17 |
Филипјаните 2:18 |
Филипјаните 2:19 |
Филипјаните 2:20 |
Филипјаните 2:21 |
Филипјаните 2:22 |
Филипјаните 2:23 |
Филипјаните 2:24 |
Филипјаните 2:25 |
Филипјаните 2:26 |
Филипјаните 2:27 |
Филипјаните 2:28 |
Филипјаните 2:29 |
Филипјаните 2:30 |
|
|
|
|
|
|
Филипјаните 1 / Фил 1 |
Филипјаните 2 / Фил 2 |
Филипјаните 3 / Фил 3 |
Филипјаните 4 / Фил 4 |