1 |
Од Павле, одбран од Бог да му биде апостол на Исус Христос, до Божјиот свет народ во Ефес, до верните следбеници на Исус Христос. |
2 |
Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос нека ви бидат благонаклонети и нека ви дадат мир. |
3 |
Благословен нека е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој не благослови со секаков вид духовни благослови од небесните простори, бидејќи Му припаѓаме на Христос. |
4 |
Поради Својата љубов спрема нас, уште пред светот да биде создаден, Бог не одбра да бидеме Негов народ, преку вера во Христос, и да бидеме свети и без пороци во Неговите очи. |
5 |
Неговиот план отсекогаш беше, преку Исус Христос, да не посвои, да не направи Негови деца. Тоа беше резултат на Неговата благонаклоност спрема нас. |
6 |
Го славиме Бога заради таа прекрасна благонаклоност што ја излеа врз нас, бидејќи Му припаѓаме на Неговиот сакан Син. |
7 |
Христос ја пролеа сопствената крв за да не откупи. Сега гревовите ни се простени. Го стори тоа поради Својата неизмерна благонаклоност спрема нас, |
8 |
излевајќи ја врз нас заедно со сета мудрост и разбирање. |
9 |
Бог ни откри каква Му била намерата и ни го објасни тајниот план што веќе беше решил да го оствари преку Христос. |
10 |
Планот што Бог ќе го доврши, кога за тоа ќе дојде време, е да собере се заедно, и од небото и од Земјата, и да го стави под власт на Христос. |
11 |
Токму по заслуга на Христос и ние бевме избрани за наследници, однапред определени од Бог, Кој се прави онака како што Самиот Тој ќе реши. |
12 |
Ние ќе ја увеличиме Божјата слава, сите ние што навреме ја положивме својата надеж во Христос. |
13 |
И вие сте сега Божји народ. Ја слушнавте вистината, Радосната вест за тоа како можете да се спасите, и поверувавте во неа. Бог ве посвои, ставајќи го врз вас Својот печат со тоа што ви го даде Светиот Дух, токму онака како што ни беше ветено. |
14 |
Светиот Дух е гаранција дека навистина ќе го добиеме она што Бог му го вети на Својот народ: откупување, ослободување за тие што се Негови. Тоа е уште една причина да го славиме нашиот величествен Бог. |
15 |
Слушнав за вашата вера во Исус Христос и за љубовта што ја имате спрема сите христијани |
16 |
и во моите молитви постојано Му благодарам на Бог за вас. |
17 |
Го молам Бога, Славниот Татко на нашиот Господ Исус Христос, да ви даде духовна мудрост и да ви открие се за Себе, за да Го запознаете целосно. |
18 |
Се молам вашите срца да бидат просветлени, за да согледате каква прекрасна иднина им е ветена на повиканите, да разберете какво богато и величествено наследство има Бог за Својот свет народ, |
19 |
колку е огромна силата со која Тој работи за нас кои Му веруваме. Таа сила е истата онаа моќна сила |
20 |
со која Тој Го воскресна Христос од мртвите и Му Го додели почесното место на небото, од Својата десна страна. |
21 |
Христос е високо над сите владетели и власти, над сите сили и господари, над секого, не само во овој свет, туку и во идниот. |
22 |
Бог се стави под власт на Христос и Го постави за Господар над се, во полза на Црквата. |
23 |
Црквата е Христовото тело, таа е исполнета со Христос, Кој со своето присуство исполнува се и насекаде.
|
Macedonian Bible 1999 (MNT) |
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Ефесјаните 1:1 |
Ефесјаните 1:2 |
Ефесјаните 1:3 |
Ефесјаните 1:4 |
Ефесјаните 1:5 |
Ефесјаните 1:6 |
Ефесјаните 1:7 |
Ефесјаните 1:8 |
Ефесјаните 1:9 |
Ефесјаните 1:10 |
Ефесјаните 1:11 |
Ефесјаните 1:12 |
Ефесјаните 1:13 |
Ефесјаните 1:14 |
Ефесјаните 1:15 |
Ефесјаните 1:16 |
Ефесјаните 1:17 |
Ефесјаните 1:18 |
Ефесјаните 1:19 |
Ефесјаните 1:20 |
Ефесјаните 1:21 |
Ефесјаните 1:22 |
Ефесјаните 1:23 |
|
|
|
|
|
|
Ефесјаните 1 / Ефе 1 |
Ефесјаните 2 / Ефе 2 |
Ефесјаните 3 / Ефе 3 |
Ефесјаните 4 / Ефе 4 |
Ефесјаните 5 / Ефе 5 |
Ефесјаните 6 / Ефе 6 |