1 |
Додека Петар и Јован уште му зборуваа на народот, им пријдоа неколку свештеници, заповедникот на гардата во ерусалимскиот храм и неколку садукеи. |
2 |
Тие беа многу вознемирени поради тоа што апостолите го учеа народот и, повикувајќи се на воскреснатиот Исус, тврдеа дека постои воскресение на мртвите. |
3 |
Ги фатија и ги фрлија в затвор до следниот ден, зашто веќе беше вечер. |
4 |
Мнозина од оние што ја слушнаа проповедта на апостолите поверуваа, па бројот на христијаните се зголеми на околу пет илјади, сметајќи ги тука само возрасните мажи. |
5 |
Утредента се состана Народниот совет составен од сите управници, старешини и вероучители во Ерусалим. |
6 |
Дојде Првосвештеникот Анан, дојдоа и Кајафа, Јован, Александар, како и сите други роднини на Првосвештеникот. |
7 |
Ги доведоа Јован и Петар, ги поставија на средината, па почнаа да ги испрашуваат: „Кој ви даде право, кој ве овласти да го правите ова?“ |
8 |
Исполнет со Светиот Дух, Петар им рече: „Управници и старешини на народот! |
9 |
Ако денес не испрашувате за доброто дело спрема сакатиот човек, ако сакате да дознаете како беше исцелен, тогаш, |
10 |
знајте и вие и сиот израелски народ, дека човекот пред ваши очи застана на свои нозе во името на Исус Христос од Назарет, Кого вие Го распнавте, а Бог Го воскресна од мртвите! |
11 |
Исус е Тој за Кого во Светото писмо пишува: ,Каменот што ѕидарите го отфрлија стана Камен-темелник.‘ |
12 |
Под целиот небесен свод има само едно име на кое луѓето можат да се повикаат за да се спасат, а тоа е Исус Христос!“ |
13 |
Членовите на Народниот совет се зачудија кога ја видоа смелоста на Петар и Јован, зашто беше очигледно дека тие се обични, необразовани луѓе. А ги препознаа дека тие луѓе беа со Исус. |
14 |
Но човекот што беше исцелен стоеше тука, пред нив, и тие немаа што да приговорат. |
15 |
Тогаш им наредија на Петар и Јован да излезат надвор од собранието, а тие почнаа да се советуваат: |
16 |
„Што да правиме со овие луѓе? Големо чудо се случи преку нив и тоа на сите во Ерусалим им е познато. Тоа не можеме да го порекнеме. |
17 |
Но можеби можеме да ги запреме да го шират тоа учење меѓу народот. Да им забраниме никому повеќе да не му зборуваат за Исус!“ |
18 |
Ги повикаа апостолите внатре и им наредија ништо да не зборуваат за Исус, ниту да поучуваат во Негово име. |
19 |
Но Петар и Јован им одговорија: „Самите проценете, дали Бог ќе се согласи повеќе да ве слушаме вас отколку Него!? |
20 |
Не можеме да молчиме за она што го видовме и чувме!“ |
21 |
Членовите на Народниот совет им се заканија, но сепак ги ослободија. Не можеа да најдат ништо за што би можеле да ги казнат. А се плашеа дека и народот ќе крене бунт, зашто сите Го славеа Бога за чудото што се случи: |
22 |
беше исцелен човек што повеќе од четириесет години бил сакат во нозете! |
23 |
Веднаш штом беа ослободени, Петар и Јован се вратија меѓу своите пријатели христијани и им кажаа за се што им рекоа свештеничките поглавари и старешините. |
24 |
Кога го чуја тоа, сите сложно повикаа кон Бог и рекоа: „Семоќен Господару, Создателе на небото и Земјата, на морињата и на сите суштества во нив! |
25 |
Ти, преку Светиот Дух, го поттикна нашиот прататко Давид да ги искаже следниве стихови: ,Зошто беснеат паганските народи, луѓето коваат залудни завери? |
26 |
Цареви по Земјата се креваат и владетели се здружуваат, против Господ и против Неговиот Помазаник.‘ |
27 |
Токму тоа се случи овде, во овој град: царот Ирод Антипа, гувернерот Понтиј Пилат, пагани и Израелци, се здружија против Исус, Твојот свет Слуга, Кого Ти Го определи за Месија. |
28 |
Но се што сторија тие претставува исполнување на она што го определија Твојата рака и Твојата мудрост. |
29 |
Ги гледаш сега, Господе, нивните закани! Дај им на Своите слуги смелост да ја проповедаат Твојата порака! |
30 |
Испружи ја раката Твоја за да исцелуваш, да даваш видливи докази, чуда да се случуваат во името на Твојот свет Слуга Исус!“ |
31 |
Штом се помолија, местото на кое беа собрани се затресе и сите се исполнија со Светиот Дух, па со смелост продолжија да ја проповедаат Божјата порака. |
32 |
Сите што поверуваа беа толку сплотени и еднодушни, што никој од нив не зборуваше за својот имот како за лична сопственост, туку се им беше заедничко. |
33 |
Апостолите со голема смелост сведочеа за воскресението на Господ Исус, и Бог спрема сите нив беше многу благонаклонет. |
34 |
Меѓу нив немаше сиромаси, зашто оние што имаа ниви и куќи ги продаваа и парите од продаденото |
35 |
им ги даваа на апостолите, а тие на секого му делеа според неговите потреби. |
36 |
На пример, Јосиф, кого апостолите го нарекоа Барнаба, односно ?Утешител‘ кој беше од племето на Левиј, а родум од Кипар, |
37 |
имаше нива, и откако ја продаде, ги донесе парите и им ги предаде на апостолите.
|
Macedonian Bible 1999 (MNT) |
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Дела 4:1 |
Дела 4:2 |
Дела 4:3 |
Дела 4:4 |
Дела 4:5 |
Дела 4:6 |
Дела 4:7 |
Дела 4:8 |
Дела 4:9 |
Дела 4:10 |
Дела 4:11 |
Дела 4:12 |
Дела 4:13 |
Дела 4:14 |
Дела 4:15 |
Дела 4:16 |
Дела 4:17 |
Дела 4:18 |
Дела 4:19 |
Дела 4:20 |
Дела 4:21 |
Дела 4:22 |
Дела 4:23 |
Дела 4:24 |
Дела 4:25 |
Дела 4:26 |
Дела 4:27 |
Дела 4:28 |
Дела 4:29 |
Дела 4:30 |
Дела 4:31 |
Дела 4:32 |
Дела 4:33 |
Дела 4:34 |
Дела 4:35 |
Дела 4:36 |
Дела 4:37 |
|
|
|
|
|
|
Дела 1 / Дел 1 |
Дела 2 / Дел 2 |
Дела 3 / Дел 3 |
Дела 4 / Дел 4 |
Дела 5 / Дел 5 |
Дела 6 / Дел 6 |
Дела 7 / Дел 7 |
Дела 8 / Дел 8 |
Дела 9 / Дел 9 |
Дела 10 / Дел 10 |
Дела 11 / Дел 11 |
Дела 12 / Дел 12 |
Дела 13 / Дел 13 |
Дела 14 / Дел 14 |
Дела 15 / Дел 15 |
Дела 16 / Дел 16 |
Дела 17 / Дел 17 |
Дела 18 / Дел 18 |
Дела 19 / Дел 19 |
Дела 20 / Дел 20 |
Дела 21 / Дел 21 |
Дела 22 / Дел 22 |
Дела 23 / Дел 23 |
Дела 24 / Дел 24 |
Дела 25 / Дел 25 |
Дела 26 / Дел 26 |
Дела 27 / Дел 27 |
Дела 28 / Дел 28 |