1 |
Кога дојде празникот Духовден, сите христијани се собраа на едно место. |
2 |
Тогаш ненадејно од небото се чу бучава како од силен виор. Бучавата ја исполни целата куќа каде што беа собрани. |
3 |
Се појавија одвоени јазици, како од оган, и се спуштија врз секој од нив. |
4 |
Сите се исполнија со Светиот Дух и почнаа да зборуваат на различни јазици, како што им даваше способност Светиот Дух. |
5 |
Во тоа време во Ерусалим престојуваа побожни Евреи дојдени од секој народ под небесниот свод. |
6 |
Кога ја слушнаа бучавата, мнозина дотрчаа да видат што се случува и се збунија, зашто секој ги слушаше христијаните како зборуваат на неговиот јазик! |
7 |
Сите се чудеа и збунето, велеа: „Како е можно ова? Зар сите овие луѓе што зборуваат не се од Галилеја? |
8 |
Како, тогаш, секој од нас го слуша јазикот од својот роден крај? |
9 |
Меѓу нас има Парќани, Мидијци и Еламијци, потоа луѓе што живеат во Месопотамија, во Јудеја, во Кападокија, во Понт и во Азија, |
10 |
во Фригија и во Памфилија, во Египет, во областите на Либија близу до Киренеја, како и гости од Рим |
11 |
(Евреи и прозелити), луѓе од Крит и Арапи, и сите ние ги слушаме како зборуваат на нашите јазици за прекрасните дела што ги извршил Бог!“ |
12 |
Зачудени и збунети, еден на друг си велеа: „Што ли значи ова?“ |
13 |
Други, пак, се потсмеваа и велеа: „Пијани се! Се изнапиле слатко вино!“ |
14 |
Тогаш стана Петар, заедно со другите единаесет апостоли, и гласно им се обрати на насобраните: „Луѓе, Евреи и сите други што живеете во Ерусалим! Ова треба да го знаете! Послушајте ме што ќе ви кажам: |
15 |
Овие луѓе не се пијани, како што некои од вас претпоставуваат, зашто одвај е девет часот наутро. |
16 |
Ова што се случи утрово е исполнување на она што беше претскажано преку пророкот Јоел: |
17 |
,Во последните денови‘ - вели Бог,ќе излеам од Мојот Дух врз сите луѓе, па ќе пророкуваат синовите и ќерките ваши, момчињата ќе имаат виденија, а старците ќе сонуваат соништа. |
18 |
Во тие денови ќе излеам од Мојот Дух врз сите Мои слуги и слугинки, и тие ќе пророкуваат. |
19 |
Ќе правам чуда горе на небесата и видливи докази долу на Земјата - крв и оган и столбови од чад. |
20 |
Сонцето ќе поцрни, а Месечината ќе се вцрви како крв, пред да дојде тој голем и славен Господов ден. |
21 |
Тогаш секој што ќе го повика името Господово ќе биде спасен.‘ |
22 |
Израелци, слушнете ги овие зборови: Бог јавно го поддржа Исуса од Назарет, со тоа што преку Него изврши многу чуда, несекојдневни работи и чудотворни докази. Тоа и самите добро го знаете. |
23 |
Но се случи онака како што беше определено и предвидено од сезнајниот Бог: вие Го предадовте Исуса и со помош на еден паганин, Го распнавте на крст и Го убивте. |
24 |
Но Бог Го воскресна, ослободувајќи Го од смртта која очајнички настојуваше да Го задржи, но не можеше. |
25 |
За Него, Давид вели: ?Знам дека Господ е постојано со мене, Тој ми е оддесно - нема да потклекнам! |
26 |
Поради тоа срцето ми е весело, и душата ми се радува; а и телото во надеж ќе ми почива, |
27 |
зашто Ти во гробот нема да ме оставиш, ниту ќе дозволиш Твојот Светец да доживее распаѓање. |
28 |
Ти ми го објави патот на животот, Твоето присуство ќе ме исполни со радост.‘ |
29 |
Луѓе, браќа, јасно е дека нашиот прататко Давид овде не зборува за себе, зашто тој умре, беше погребан и неговиот гроб е тука, меѓу нас, се до денешен ден. |
30 |
Но бидејќи беше пророк и знаеше дека Бог му се беше заколнал оти потомок од неговите бедра ќе седи на неговиот престол, |
31 |
претскажувајќи за тоа, тој зборуваше за воскреснувањето на Христос, Кој, ниту беше оставен во гробот, ниту Неговото тело доживеа распаѓање. |
32 |
Бог Го воскресна Исуса и сите ние сме сведоци за тоа. |
33 |
Откако беше вознесен и поставен од десната страна на Бог, и откако го прими Светиот Дух што Му беше ветен од небесниот Татко, Го излеа врз нас, како што вие сега гледате и слушате. |
34 |
Зашто, самиот Давид не се вознесе на небото, а сепак рече: “Му рече Јахве на мојот Господ: ,Седни на почесното место, од Мојата десна страна, |
35 |
додека не ги претворам Твоите непријатели во чергиче што ќе го газат стапалата Твои!‘“ |
36 |
Затоа нека знаат сите Израелци и нека бидат уверени дека Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Месија!“ |
37 |
Ова што го слушнаа до срце ги прободе, па им рекоа на Петар и на другите апостоли: „Луѓе, браќа, што да правиме?“ |
38 |
Петар им одговори: „Секој од вас треба да се покае за своите гревови, и да се крсти во името на Исус Христос, за да ви бидат простени гревовите. Потоа ќе ви биде подарен Светиот Дух, а со Него и духовни дарби. |
39 |
Ветувањето што Бог му го даде на Давид се однесува на вас, на вашите деца, како и на неевреите, и на сите што Господ, нашиот Бог, ќе ги повика.“ |
40 |
Со овие, и со многу други зборови Петар им проповедаше и ги повикуваше: „Спасете се од ова расипано поколение!“ |
41 |
Во тој ден околу три илјади души искрено ги прифатија неговите зборови, па се крстија и се приклучија кон христијаните. |
42 |
Тие се посветија на учење од апостолите, на заедничките собири, на редовно учество на Господовата вечера и на молитви. |
43 |
Кај народот се појави страв, зашто апостолите правеа многу чуда и видливи докази. |
44 |
Сите христијани се здружија и се што имаа им беше заедничко. |
45 |
Ги продаваа своите имоти и наследства и на секого му даваа според неговите потреби. |
46 |
Секој ден се собираа во храмот, сложни и посветени. Организираа Господова вечера по домовите и секој ја делеше својата храна со другите, радосно и со чисто срце. |
47 |
Го славеа Бога и беа омилени кај сите луѓе. А Господ секојдневно им придодаваше новоспасени души.
|
Macedonian Bible 1999 (MNT) |
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Дела 2:1 |
Дела 2:2 |
Дела 2:3 |
Дела 2:4 |
Дела 2:5 |
Дела 2:6 |
Дела 2:7 |
Дела 2:8 |
Дела 2:9 |
Дела 2:10 |
Дела 2:11 |
Дела 2:12 |
Дела 2:13 |
Дела 2:14 |
Дела 2:15 |
Дела 2:16 |
Дела 2:17 |
Дела 2:18 |
Дела 2:19 |
Дела 2:20 |
Дела 2:21 |
Дела 2:22 |
Дела 2:23 |
Дела 2:24 |
Дела 2:25 |
Дела 2:26 |
Дела 2:27 |
Дела 2:28 |
Дела 2:29 |
Дела 2:30 |
Дела 2:31 |
Дела 2:32 |
Дела 2:33 |
Дела 2:34 |
Дела 2:35 |
Дела 2:36 |
Дела 2:37 |
Дела 2:38 |
Дела 2:39 |
Дела 2:40 |
Дела 2:41 |
Дела 2:42 |
Дела 2:43 |
Дела 2:44 |
Дела 2:45 |
Дела 2:46 |
Дела 2:47 |
|
|
|
|
|
|
Дела 1 / Дел 1 |
Дела 2 / Дел 2 |
Дела 3 / Дел 3 |
Дела 4 / Дел 4 |
Дела 5 / Дел 5 |
Дела 6 / Дел 6 |
Дела 7 / Дел 7 |
Дела 8 / Дел 8 |
Дела 9 / Дел 9 |
Дела 10 / Дел 10 |
Дела 11 / Дел 11 |
Дела 12 / Дел 12 |
Дела 13 / Дел 13 |
Дела 14 / Дел 14 |
Дела 15 / Дел 15 |
Дела 16 / Дел 16 |
Дела 17 / Дел 17 |
Дела 18 / Дел 18 |
Дела 19 / Дел 19 |
Дела 20 / Дел 20 |
Дела 21 / Дел 21 |
Дела 22 / Дел 22 |
Дела 23 / Дел 23 |
Дела 24 / Дел 24 |
Дела 25 / Дел 25 |
Дела 26 / Дел 26 |
Дела 27 / Дел 27 |
Дела 28 / Дел 28 |