1 |
Подоцна Исус уште еднаш им се појави на Своите ученици, покрај Тибериското Езеро. Тоа се случи вака: |
2 |
Се беа собрале Симон Петар, Близнакот Тома, Натанаел од Галилејска Кана, синовите на Завдај и други двајца од Исусовите ученици. |
3 |
Симон Петар им рече: „Одам на риболов!“ „И ние ќе дојдеме со тебе!“ - му рекоа тие, и сите заедно тргнаа со бротчето. Но цела ноќ не уловија ништо. |
4 |
В зори, Го видоа Исуса на брегот, но не Го познаа. |
5 |
Тој им довикна: „Деца, имате ли некоја риба?“ „Немаме“ - му одговорија тие. |
6 |
Тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на бротчето и ќе уловите.“ Тие ја фрлија и не можеа да ја извлечат од големиот број риби што ги уловија. |
7 |
Тогаш, ученикот што му беше љубимец на Исус, му рече на Петар: „Тоа е нашиот Господ!“ Штом слушна дека тоа е Господ, Симон Петар се препаша со наметката што претходно ја беше соблекол, па скокна во езерото и почна да плива кон брегот. |
8 |
Останатите ученици со бротчето беа на околу деведесет метри од брегот и набргу пристигнаа, влечејќи ја мрежата со рибите. |
9 |
Кога излегоа на копното, видоа леб и риба, ставена на разгорен јаглен. |
10 |
Исус им рече: „Донесете од рибите што пред малку ги уловивте!“ |
11 |
Симон Петар се качи на бротчето и ја извлече мрежата на брегот. Во неа имаше сто педесет и три големи риби. Иако беше полна со големи риби, мрежата сепак не се скина. |
12 |
„Дојдете, јадете!“ - им рече Исус. А никој од учениците не се осмели да Го праша: „Дали си навистина Ти, Господе?“, зашто знаеја дека Тој е нивниот Господ. |
13 |
Исус зеде од лебот и им раздаде, а истото го направи и со рибите. |
14 |
Ова беше веќе третпат како Исус им се појави на Своите ученици откако воскресна од мртвите. |
15 |
Кога се најадоа, Исус му рече на Симон Петар: „Симоне, сине Јованов, Ме љубиш ли повеќе од овие?“ „Да, Господе“, - Му одговори тој - „Ти знаеш дека Те сакам.“ Исус му рече: „Тогаш, храни ги Моите јагниња!“ |
16 |
И вторпат го праша: „Симоне, сине Јованов, Ме љубиш ли?“ „Да, Господе“, - Му одговори Петар - „Ти знаеш дека Те сакам.“ „Тогаш, грижи се за Моите овци“ - му рече Исус. |
17 |
Исус и третпат проговори и овојпат го праша: „Симоне, сине Јованов, Ме сакаш ли?“ Петар се нажали што Исус третиот пат го праша: „Ме сакаш ли?“, па Му рече: „Господе, Ти знаеш се, Ти знаеш дека Те сакам!“ „Тогаш храни ги Моите овци!“ - му рече Исус. |
18 |
„Додека си млад, сам се препашуваш и одиш каде што сакаш. Но, те уверувам дека, кога ќе остариш, ќе ги пружиш рацете и други ќе те препашат и ќе те одведат таму каде што не сакаш.“ |
19 |
Исус го рече ова за да посочи со каква смрт Петар ќе Го прослави Бога. Потоа, Исус му рече на Петар: „Дојди со Мене!“ |
20 |
Петар се сврте и виде дека ги следи ученикот што му беше љубимец на Исус. Тоа беше истиот оној ученик, кој за време на вечерата се беше навалил на Исусовите гради и Го беше прашал: „Господе, кој е тој што ќе Те предаде?“ |
21 |
Кога Петар го виде тој ученик, му рече на Исус: „Господе, што ќе стане со овој човек?“ |
22 |
Исус му одговори: „Ако сакам тој да остане жив додека Јас да се вратам, што ти е тебе грижа? Ти дојди со Мене!“ |
23 |
Затоа се рашири глас меѓу Христовите следбеници, дека тој ученик нема да умре. Но Исус не рече дека нема да умре, туку: „Ако сакам тој да остане жив додека Јас да се вратам, што ти е тебе грижа?“ |
24 |
Овој ученик е тој што го виде и го напиша ова. Ние знаеме дека тој ја кажа вистината. |
25 |
Исус направи уште многу други работи, но кога сите Негови дела би се запишале во книги, ми се чини дека ни во целиот свет не би ги собрало.
|
Macedonian Bible 1999 (MNT) |
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Јован 21:1 |
Јован 21:2 |
Јован 21:3 |
Јован 21:4 |
Јован 21:5 |
Јован 21:6 |
Јован 21:7 |
Јован 21:8 |
Јован 21:9 |
Јован 21:10 |
Јован 21:11 |
Јован 21:12 |
Јован 21:13 |
Јован 21:14 |
Јован 21:15 |
Јован 21:16 |
Јован 21:17 |
Јован 21:18 |
Јован 21:19 |
Јован 21:20 |
Јован 21:21 |
Јован 21:22 |
Јован 21:23 |
Јован 21:24 |
Јован 21:25 |
|
|
|
|
|
|
Јован 1 / Јов 1 |
Јован 2 / Јов 2 |
Јован 3 / Јов 3 |
Јован 4 / Јов 4 |
Јован 5 / Јов 5 |
Јован 6 / Јов 6 |
Јован 7 / Јов 7 |
Јован 8 / Јов 8 |
Јован 9 / Јов 9 |
Јован 10 / Јов 10 |
Јован 11 / Јов 11 |
Јован 12 / Јов 12 |
Јован 13 / Јов 13 |
Јован 14 / Јов 14 |
Јован 15 / Јов 15 |
Јован 16 / Јов 16 |
Јован 17 / Јов 17 |
Јован 18 / Јов 18 |
Јован 19 / Јов 19 |
Јован 20 / Јов 20 |
Јован 21 / Јов 21 |