1 |
Исус им рече на Своите ученици: „Јас сум вистинската Лоза, а Мојот небесен Татко е Лозарот. |
2 |
Секоја прачка на Мене, која не раѓа плод, Тој ја отсечува. А секоја прачка што раѓа плод, Тој ја чисти, за да дава уште повеќе род. |
3 |
Вие сте веќе чисти преку словото што ви го проповедав. |
4 |
Останете сврзани за Мене и Јас ќе останам сврзан за вас. Како што прачката не може да раѓа плод сама од себе, ако не е сврзана за лозата, така ни вие нема да можете да бидете плодотворни, ако не останете сврзани за Мене. |
5 |
Јас сум Лозата, а вие сте прачките. Ако останете сврзани за Мене и Јас за вас, ќе бидете многу плодотворни. А без Мене не можете да постигнете ништо. |
6 |
Ако не останете сврзани за Мене, ќе бидете исфрлени како отсечени прачки и ќе се исушите. А сувите прачки ќе бидат собрани и в оган изгорени. |
7 |
Ако останете сврзани за Мене и ако Моето учење се вкорени во вас, тогаш секоја ваша молитва ќе ви биде исполнета. |
8 |
Кога вие ќе станете Мои плодотворни ученици, тоа ќе Му донесе слава на Мојот небесен Татко. |
9 |
Јас ве сакам исто како што и Таткото Ме сака Мене. Останете под закрилата на Мојата љубов. |
10 |
Вие ќе останете под закрила на Мојата љубов, ако ги извршувате Моите заповеди, исто како што Јас ги исполнив заповедите на Мојот Татко и останувам под закрила на Неговата љубов. |
11 |
Ова ви го кажав за да бидете наполно радосни, како што Сум Јас. |
12 |
Сега ви заповедам: Сакајте се меѓу себе како што Јас ве сакам. |
13 |
Најголема љубов што некој може да ја искаже спрема своите пријатели е да го даде својот живот за нив. |
14 |
Ќе ве сметам за Мои пријатели, ако го извршувате она што ви го заповедам. |
15 |
Не ви зборувам како на Мои слуги, зашто слугите не знаат што прави нивниот господар, туку ве сметам за пријатели, и затоа ви го објавив сето она што Ми го кажа Мојот небесен Татко. |
16 |
Не Ме избравте вие Мене, туку Јас ве избрав вас и ве испратив да одите и да создавате плод - таков плод што трајно ќе остане. Тогаш Мојот небесен Татко ќе ви ја исполни секоја молба што ќе Му ја упатите во Мое име. |
17 |
Значи, ви заповедам да се сакате еден со друг!“ |
18 |
„Кога луѓето од овој свет ќе ве мразат, сетете се дека прво Мене Ме замразија. |
19 |
Да му припаѓавте на светот, тој ќе ве сакаше како свои. Но Јас ве избрав од светот и вие не му припаѓате на светот; затоа светот ве мрази. |
20 |
Спомнете си на зборовите што ви ги кажав: ?Слугата не е поголем од својот господар‘. Штом Мене Ме прогонуваа, и вас ќе ве прогонуваат. Штом Моето учење го слушаа, ќе го слушаат и вашето. |
21 |
Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го познаваат Оној што Ме испрати. |
22 |
Да не дојдев и да не им зборував, немаше да бидат виновни за грев. Но сега немаат изговор за своите гревови. |
23 |
Кој Ме мрази Мене - Го мрази и Мојот Татко. |
24 |
Да не бев направил чуда меѓу нив, какви што никој друг не направил, немаше да бидат виновни за грев. Но тие, и покрај тоа што ги видоа Моите дела, сепак не замразија и Мене и Мојот Татко. |
25 |
Но ова е за да се исполни претскажаното во Светото Писмо: ,Без причина Ме замразија‘. |
26 |
Кога ќе дојде Помошникот - Духот на вистината, Кој произлегува од Таткото и Кого Јас ќе ви го пратам од Таткото - Тој ќе ја објавува вистината за Мене. |
27 |
А и вие ќе ја објавувате вистината за Мене, затоа што од почеток сте со Мене.“
|
Dutch Reimer Bible |
Copyright 2001 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Јован 15:1 |
Јован 15:2 |
Јован 15:3 |
Јован 15:4 |
Јован 15:5 |
Јован 15:6 |
Јован 15:7 |
Јован 15:8 |
Јован 15:9 |
Јован 15:10 |
Јован 15:11 |
Јован 15:12 |
Јован 15:13 |
Јован 15:14 |
Јован 15:15 |
Јован 15:16 |
Јован 15:17 |
Јован 15:18 |
Јован 15:19 |
Јован 15:20 |
Јован 15:21 |
Јован 15:22 |
Јован 15:23 |
Јован 15:24 |
Јован 15:25 |
Јован 15:26 |
Јован 15:27 |
|
|
|
|
|
|
Јован 1 / Joh 1 |
Јован 2 / Joh 2 |
Јован 3 / Joh 3 |
Јован 4 / Joh 4 |
Јован 5 / Joh 5 |
Јован 6 / Joh 6 |
Јован 7 / Joh 7 |
Јован 8 / Joh 8 |
Јован 9 / Joh 9 |
Јован 10 / Joh 10 |
Јован 11 / Joh 11 |
Јован 12 / Joh 12 |
Јован 13 / Joh 13 |
Јован 14 / Joh 14 |
Јован 15 / Joh 15 |
Јован 16 / Joh 16 |
Јован 17 / Joh 17 |
Јован 18 / Joh 18 |
Јован 19 / Joh 19 |
Јован 20 / Joh 20 |
Јован 21 / Joh 21 |