A A A A A
Facebook Instagram Twitter
Свето Писмо 1999 (MNT)

Матеј 4



1
Тогаш Духот го одведе Исуса во пустината, за да биде искушуван од Ѓаволот.
2
Откако таму постеше четириесет дни и четириесет ноќи, Тој изгладне.
3
Тогаш искушувачот му пристапи и Му рече: „Ако си Ти Божјиот Син, нареди им на камењава да се претворат во лебови!“
4
Но Исус му одговори: „Светото Писмо вели: ,Човекот не живее само од леб, туку и од секој збор што произлегува од Божјата уста!‘“
5
Тогаш Ѓаволот Го одведе Исуса во светиот град (Ерусалим), Го постави на врвот на храмот
6
и Му рече: „Ако си Ти Божјиот Син, фрли се долу, бидејќи во Светото Писмо пишува: ,Бог ќе им заповеда на Своите ангели да Те чуваат, на своите дланки да Те понесат, за да не ти се препне од камен ногата.‘“
7
А Исус му одговори: „Но, го пишува и следново: ,Не искушавај Го Господа, твојот Бог!‘“
8
Уште еднаш Ѓаволот Го искачи на највисоката планина и Му ги покажа сите царства на Земјата со сета нивна слава;
9
и Му рече: „Сето ова ќе Ти го дадам Тебе, ако паднеш ничкум и ми се поклониш!“
10
Но Исус му одговори: „Бегај оттука, Сатано! Светото писмо вели: ,Поклонувај Му се само на Господ, твојот Бог, и само Нему служи Му!‘“
11
Тогаш Ѓаволот Го остави, а кај Исус дојдоа ангели и Му служеа.
12
Кога Исус разбра дека го уапсиле Јован Крстител, се повлече од Јудеја во Галилеја.
13
Тој се исели од Назарет и се насели во Кафарнаум, покрај Галилејското Езеро, на територијата на потомците на Зевулун и Нафтали.
14
Тогаш се исполни претскажаното од пророкот Исаија, кој рече:
15
„Во земјата на Зевулун и Нафтали, крај морето, отаде реката Јордан, во Галилеја, каде што живеат луѓе кои не Го познаваат Бога,
16
народот кој живее во мрак ќе види големо Светило; светлина ќе ги осветли луѓето што живеат во земјата каде што смртта надвиснува со својата сенка.“
17
Оттогаш Исус започна да проповеда, зборувајќи: „Покајте се, зашто небесното царство се приближува!“
18
Одејќи по брегот на Галилејското Езеро, Исус виде двајца браќа: Симон подоцна наречен Петар, и неговиот брат Андреј. Тие поставуваа мрежа во езерото, бидејќи по занает беа рибари.
19
Исус ги повика: „Тргнете по Мене и Јас ќе ве научам како да ловите луѓе!“
20
Тие веднаш ги оставија своите мрежи и тргнаа по Него.
21
Одејќи понатаму, Исус виде и повика уште двајца браќа: Јаков и Јован, синови на Завдај, кои, заедно со својот татко Завдај се наоѓаа во своето бротче и си ги подготвуваа рибарските мрежи.
22
Тие веднаш ги оставија бротчето и татка си и тргнаа по Исус.
23
Исус одеше по цела Галилеја, поучувајќи по синагогите, проповедајќи ја Радосната вест за Божјото царство и исцелувајќи секакви болести и заболувања кај луѓето.
24
Гласот за Него се рашири дури и во Сирија и кај Него ги доведуваа сите заболени од разни болести, луѓе обземени со демонски духови, епилептичари и парализирани и Исус ги исцелуваше.
25
По Него тргна голема толпа народ од покраините Галилеја и Декаполис, како и од Ерусалим, од Јудеја и од пределите источно од реката Јордан.











Матеј 4:1
Матеј 4:2
Матеј 4:3
Матеј 4:4
Матеј 4:5
Матеј 4:6
Матеј 4:7
Матеј 4:8
Матеј 4:9
Матеј 4:10
Матеј 4:11
Матеј 4:12
Матеј 4:13
Матеј 4:14
Матеј 4:15
Матеј 4:16
Матеј 4:17
Матеј 4:18
Матеј 4:19
Матеј 4:20
Матеј 4:21
Матеј 4:22
Матеј 4:23
Матеј 4:24
Матеј 4:25






Матеј 1 / Мат 1
Матеј 2 / Мат 2
Матеј 3 / Мат 3
Матеј 4 / Мат 4
Матеј 5 / Мат 5
Матеј 6 / Мат 6
Матеј 7 / Мат 7
Матеј 8 / Мат 8
Матеј 9 / Мат 9
Матеј 10 / Мат 10
Матеј 11 / Мат 11
Матеј 12 / Мат 12
Матеј 13 / Мат 13
Матеј 14 / Мат 14
Матеј 15 / Мат 15
Матеј 16 / Мат 16
Матеј 17 / Мат 17
Матеј 18 / Мат 18
Матеј 19 / Мат 19
Матеј 20 / Мат 20
Матеј 21 / Мат 21
Матеј 22 / Мат 22
Матеј 23 / Мат 23
Матеј 24 / Мат 24
Матеј 25 / Мат 25
Матеј 26 / Мат 26
Матеј 27 / Мат 27
Матеј 28 / Мат 28