1 |
„Небесното царство може да се опише со ваква споредба: Еден домаќин излезе рано наутро да повика наемни работници за своето лозје. |
2 |
Се погоди со нив да им плати по една надница и ги испрати на лозјето. |
3 |
Околу девет часот наутро, тој повторно отиде на пазарот и виде и други луѓе кои чекаа за работа, |
4 |
па им рече: ,Одете и вие на моето лозје, а јас ќе ви платам колку што ви следува.‘ И тие отидоа. |
5 |
Потоа го направи истото околу дванаесет часот, и уште еднаш околу петнаесет часот. |
6 |
Кога излезе околу седумнаесет часот, виде и други луѓе како стојат, па им се обрати: ,Зошто безделничите овде цел ден?‘ |
7 |
,Никој не ни понуди работа‘ му одговорија тие. Тогаш и ним им рече: ,Одете и вие на моето лозје!‘ |
8 |
Кога се стемни, господарот му рече на својот надзорник: ,Повикај ги работниците и исплати им по една надница на сите, почнувајќи од последните, па до првите.‘ |
9 |
И така, оние што дојдоа на нивата во седумнаесет часот добија по една надница. |
10 |
Кога дојдоа на ред првите мислеа дека ќе добијат повеќе, но и тие добија по една надница. |
11 |
Штом ги примија парите, тие почнаа да мрморат против господарот, велејќи: |
12 |
,Овие последниве работеа само еден час, а ти ги израмни со нас, кои се мачевме цел ден на жегата!‘ |
13 |
Обраќајќи му се на еден од нив, тој му рече: ,Пријателе, јас тебе не те оштетив. Зар не се погодивме за надницата? |
14 |
Земи си ја и оди си! А јас сакам да му платам на последниот колку и тебе; |
15 |
зар немам право да правам што сакам со своите пари? Или, пак, окото ти е завидливо затоа што сум дарежлив!?‘“ |
16 |
И така, тие што сега се последни, тогаш ќе бидат први, а тие што сега се први, тогаш ќе бидат последни“ заклучи Исус. |
17 |
Одејќи кон Ерусалим, Исус ги тргна настрана дванаесеттемина и додека чекореа по патот, им рече: |
18 |
„Еве, на пат сме кон Ерусалим; таму Јас, Синот Човечки, ќе им бидам предаден на свештеничките поглавари и на вероучителите. |
19 |
Тие ќе Ме осудат на смрт и ќе Ме предадат на Римјаните да Ми се подбиваат, да Ме камшикуваат и да Ме распнат. Но на третиот ден Јас ќе воскреснам.“ |
20 |
Тогаш кај Исус дојде мајката на Завдаевите синови, заедно со своите двајца синови, Јаков и Јован, клекна пред Него и Го замоли за една услуга. |
21 |
„Што сакаш?“ ја праша Исус. „Дај им на моиве два сина почесни места од Твојата десна и лева страна во Твоето царство“ Му рече таа. |
22 |
Исус им се обрати на двајцата нејзини синови и им рече: „Не знаете што барате. Ќе можете ли да пиете од чашата на Моите страдања, од која Јас ќе пијам?“ А тие Му одговорија: „Ќе можеме!“ |
23 |
„Добро, и вие ќе пиете од Мојата чаша им одоговори Исус но Јас не можам да одредам кој ќе седи од Мојата десна страна, а кој од левата. Тие места им припаѓаат на оние за кои ги определил Мојот небесен Татко.“ |
24 |
Кога преостанатите десет ученици разбраа за ова, им се налутија на двајцата браќа. |
25 |
Тогаш Исус ги повика кај Себе сите заедно и им рече: „Знаете дека владетелите на овој свет владеат сурово над луѓето. |
26 |
Но, меѓу вас не треба да биде така. Напротив, ако некој сака да биде водач меѓу вас нека им служи на сите. |
27 |
Тој што сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга |
28 |
како што Јас, Синот Човечки, не дојдов за да Ми служат, туку Јас да им служам на луѓето и да го дадам Својот живот како откупнина за мнозина.“ |
29 |
На излегување од градот Јерихо, голема толпа народ врвеше по Исус и Неговите ученици. |
30 |
Покрај патот седеа двајца слепи и штом слушнаа дека Исус минува оттаму почнаа да викаат на сиот глас: „Господе, Сине Давидов, покажи милост спрема нас!“ |
31 |
Народот се обидуваше да ги замолкне, но тие уште погласно викаа: „Господе, Сине Давидов, покажи милост спрема нас!“ |
32 |
Исус застана, ги повика кај Себе и ги праша: „Што сакате да сторам за вас?“ |
33 |
„Да прогледаме, Господе!“ му одговорија тие. |
34 |
Исус се сожали и им ги допре очите и тие наеднаш прогледаа и тргнаа по Него.
|
Macedonian Bible 1999 (MNT) |
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Матеј 20:1 |
Матеј 20:2 |
Матеј 20:3 |
Матеј 20:4 |
Матеј 20:5 |
Матеј 20:6 |
Матеј 20:7 |
Матеј 20:8 |
Матеј 20:9 |
Матеј 20:10 |
Матеј 20:11 |
Матеј 20:12 |
Матеј 20:13 |
Матеј 20:14 |
Матеј 20:15 |
Матеј 20:16 |
Матеј 20:17 |
Матеј 20:18 |
Матеј 20:19 |
Матеј 20:20 |
Матеј 20:21 |
Матеј 20:22 |
Матеј 20:23 |
Матеј 20:24 |
Матеј 20:25 |
Матеј 20:26 |
Матеј 20:27 |
Матеј 20:28 |
Матеј 20:29 |
Матеј 20:30 |
Матеј 20:31 |
Матеј 20:32 |
Матеј 20:33 |
Матеј 20:34 |
|
|
|
|
|
|
Матеј 1 / Мат 1 |
Матеј 2 / Мат 2 |
Матеј 3 / Мат 3 |
Матеј 4 / Мат 4 |
Матеј 5 / Мат 5 |
Матеј 6 / Мат 6 |
Матеј 7 / Мат 7 |
Матеј 8 / Мат 8 |
Матеј 9 / Мат 9 |
Матеј 10 / Мат 10 |
Матеј 11 / Мат 11 |
Матеј 12 / Мат 12 |
Матеј 13 / Мат 13 |
Матеј 14 / Мат 14 |
Матеј 15 / Мат 15 |
Матеј 16 / Мат 16 |
Матеј 17 / Мат 17 |
Матеј 18 / Мат 18 |
Матеј 19 / Мат 19 |
Матеј 20 / Мат 20 |
Матеј 21 / Мат 21 |
Матеј 22 / Мат 22 |
Матеј 23 / Мат 23 |
Матеј 24 / Мат 24 |
Матеј 25 / Мат 25 |
Матеј 26 / Мат 26 |
Матеј 27 / Мат 27 |
Матеј 28 / Мат 28 |