1 |
Аврам имаше деведесет и девет години кога му се јави Господ и му рече: „Јас сум Ел-Шадај — Бог семоќен, чекори по Мојот пат и биди непорочен! |
2 |
И ќе склучам завет меѓу Мене и тебе, и многу, премногу ќе те размножам.“ |
3 |
Аврам падна ничкум. А Бог продолжи да му говори и му рече: |
4 |
„А ова е заветот Мој со тебе: ќе станеш татко на многу народи. |
5 |
Затоа повеќе нема да се викаш Аврам, туку името ќе ти биде Авраам, бидејќи ќе те направам татко на многу народи; |
6 |
и многу, премногу ќе те умножам, и ќе издигнам од тебе многу народи, и цареви ќе произлезат од тебе. |
7 |
И ќе го поставам заветот Мој меѓу Мене и тебе и меѓу твоите потомци по тебе во нивните родови; ќе направам завет вечен, и ќе ти бидам Бог тебе и на потомците твои по тебе. |
8 |
И ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое по тебе земјата, во која сега си доселеник, целата земја хананска во вечно владеење; и ќе им бидам Бог.“ |
9 |
И му рече Бог на Авраам: „Ти, пак, чувај го заветот Мој, ти и потомството твое по тебе во нивните родови! |
10 |
Ова е заветот Мој меѓу Мене и вас и потомците твои, што ќе го чувате: секое машко од вас нека биде обрезано. |
11 |
А ќе обрезувате крајче од телото свое; тоа ќе биде знак на заветот меѓу Мене и вас. |
12 |
Секое машко дете кога ќе наполни осум дена по раѓањето, низ целото ваше потомство, да биде обрезано: и роб роден во вашиот дом, и оној што ќе биде купен од странец, а не е од семето твое, со обрезание ќе се обрезе робот од твојот дом и купениот. |
13 |
Да, и робот роден во домот твој, и купениот мораат да бидат обрезани, и така Мојот завет на вашето тело ќе остане вечен. |
14 |
А необрезаното машко, на кое не ќе му се обрезе крајче од телото негово, да се истреби од родот свој; таквиот го нарушил заветот Мој.“ |
15 |
И му рече уште Бог на Авраам: „А Сараја, жената твоја, не ја викај повеќе Сараја, туку името нека ѝ биде Сара. |
16 |
Јас ќе ја благословам, и ќе ти дадам син од неа; ќе ја благословам, и народи ќе потекнуваат од неа, и цареви на народи ќе излезат од неа.“ |
17 |
Тогаш падна Авраам ничкум и се насмеа, велејќи во себе: „Како може на човек од сто години да му се роди син? Зарем Сара на деведесет години ќе роди?“ |
18 |
И Авраам Му рече на Бога: „О, барем Исмаил да биде жив пред лицето Твое!“ |
19 |
А Бог рече: „Навистина, Сара, жената твоја, ќе ти роди син и ќе го наречеш со името Исак; и ќе направам заветот Мој со него да биде завет вечен, и на потомството негово по него. |
20 |
А и за Исмаил те послушав; еве, го благословувам, и ќе го направам плоден, и многу ќе го умножам, многу; и ќе роди дванаесет кнезови, и од него ќе произлезе голем народ. |
21 |
А заветот Мој со Исак ќе го направам кога ќе ти го роди Сара, догодина во ова време.“ |
22 |
Па, откако Бог го изговори тоа, се издигна Бог од Авраам. |
23 |
Авраам, пак, го зеде Исмаил, синот свој, и сите родени во домот негов, и сите купени, и сите машки домашни, им обреза крајче од телото нивно во истиот ден, како што му рече Бог. |
24 |
Авраам имаше деведесет и девет години кога му беше обрезано крајче од телото негово. |
25 |
А Исмаил, синот негов, имаше тринаесет години кога му беше обрезано крајче од телото негово. |
26 |
Во истиот ден беа обрезани Авраам и син му Исмаил, |
27 |
а со него заедно беа обрезани и сите домашни машки, како робовите, родени во неговиот дом, така и купените од туѓинци. |
Macedonian Bible 2006 |
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 |
Битие 17:1 |
Битие 17:2 |
Битие 17:3 |
Битие 17:4 |
Битие 17:5 |
Битие 17:6 |
Битие 17:7 |
Битие 17:8 |
Битие 17:9 |
Битие 17:10 |
Битие 17:11 |
Битие 17:12 |
Битие 17:13 |
Битие 17:14 |
Битие 17:15 |
Битие 17:16 |
Битие 17:17 |
Битие 17:18 |
Битие 17:19 |
Битие 17:20 |
Битие 17:21 |
Битие 17:22 |
Битие 17:23 |
Битие 17:24 |
Битие 17:25 |
Битие 17:26 |
Битие 17:27 |
Битие 1 / Бит 1 |
Битие 2 / Бит 2 |
Битие 3 / Бит 3 |
Битие 4 / Бит 4 |
Битие 5 / Бит 5 |
Битие 6 / Бит 6 |
Битие 7 / Бит 7 |
Битие 8 / Бит 8 |
Битие 9 / Бит 9 |
Битие 10 / Бит 10 |
Битие 11 / Бит 11 |
Битие 12 / Бит 12 |
Битие 13 / Бит 13 |
Битие 14 / Бит 14 |
Битие 15 / Бит 15 |
Битие 16 / Бит 16 |
Битие 17 / Бит 17 |
Битие 18 / Бит 18 |
Битие 19 / Бит 19 |
Битие 20 / Бит 20 |
Битие 21 / Бит 21 |
Битие 22 / Бит 22 |
Битие 23 / Бит 23 |
Битие 24 / Бит 24 |
Битие 25 / Бит 25 |
Битие 26 / Бит 26 |
Битие 27 / Бит 27 |
Битие 28 / Бит 28 |
Битие 29 / Бит 29 |
Битие 30 / Бит 30 |
Битие 31 / Бит 31 |
Битие 32 / Бит 32 |
Битие 33 / Бит 33 |
Битие 34 / Бит 34 |
Битие 35 / Бит 35 |
Битие 36 / Бит 36 |
Битие 37 / Бит 37 |
Битие 38 / Бит 38 |
Битие 39 / Бит 39 |
Битие 40 / Бит 40 |
Битие 41 / Бит 41 |
Битие 42 / Бит 42 |
Битие 43 / Бит 43 |
Битие 44 / Бит 44 |
Битие 45 / Бит 45 |
Битие 46 / Бит 46 |
Битие 47 / Бит 47 |
Битие 48 / Бит 48 |
Битие 49 / Бит 49 |
Битие 50 / Бит 50 |
|
|
|
|
|