1 Коринтјаните 11:1-16 |
1. Следете го мојот пример, како што јас го следам примерот на Христос. |
2. Мило ми е, драги пријатели, дека постојано сум ви во мислите и ве пофалувам дека точно го следите христијанското учење, онака како што ви го пренесов. |
3. Но има нешто што сакам да го знаете: Секој маж има свој поглавар, а тоа е Христос, и секоја жена има свој поглавар, а тоа е нејзиниот маж. И Христос има свој поглавар, а тоа е Бог. |
4. Секој маж што се моли или пророкува со покривало на главата го срамоти својот поглавар, односно Христос. |
5. И секоја жена што се моли или пророкува гологлава, го срамоти својот поглавар, односно мажот, зашто тоа е исто како да и е избричена главата. |
6. Ако некоја жена не сака да носи покривало на својата глава, тоа е како да е сосема истрижена! А бидејќи е срамно жените да бидат истрижени или со избричена глава, нека носат покривала. |
7. Мажот не треба да носи покривало на главата бидејќи тој ја одразува Божјата слава и беше создаден според Божјиот лик. Жената пак, ја одразува славата на мажот. |
8. Зашто првиот човек не беше создаден од жена, туку жената беше создадена од маж. |
9. Не беше мажот создаден заради жената, туку жената заради мажот. |
10. Затоа жените треба да носат покривала на главата како знак на потчинетост, бидејќи ангелите гледаат. |
11. Но според Господ, ниту мажот е независен од жената, ниту жената е независна од мажот. |
12. Како што жената потекнува од мажот, така и мажот дошол на свет преку жена, а Создател на се што суштествува е Бог. |
13. Кажете сами, дали прилега жена да Му се моли на Бог без покривало на главата? |
14. Зар самата природа не ве учи дека на мажот не му прилега да носи долга коса? |
15. Од друга страна, за жената долгата коса е украс. Таа и е дадена како еден вид покривало на главата. |
16. Но, ако некој има намера да се препира околу ова прашање, ниту ние, ниту другите Божји цркви немаме таков обичај. |