Дела 12:1-25 |
1. Во тоа време, царот Ирод Агрипа им зададе многу маки на неколку припадници на црквата. |
2. Со меч го погуби апостол Јаков, братот на Јован. |
3. Кога виде дека со тоа им угодува на еврејските челници, го уапси и Петар, и тоа за време на празникот Бесквасници. |
4. Го фати Петра, го затвори и нареди четири групи од по четири војници да го чуваат, а по Пасхата да го изведе на јавно судење пред народот. |
5. Додека Петар беше в затвор, целата црква сесрдно Му се молеше на Бог за него. |
6. Ноќта, пред Ирод да го изведе на суд, Петар спиеше меѓу двајца војници, врзан со два син?ира, а пред вратата на затворот стоеше стража. |
7. Одеднаш, ангел Господов му пријде и светлина болсна во ќелијата. Го потчукна по рамото и го разбуди, велејќи му: „Станувај брзо!“ Тогаш син?ирите паднаа од неговите раце, |
8. а ангелот му рече: „Препаши се и обуј си ги сандалите!“ Петар го послуша. Потоа му рече: „Префрли си ја наметката и оди по мене!“ |
9. Така Петар излезе од затворот, следејќи го ангелот, и не беше свесен дека тоа што се случува е на јаве, туку мислеше дека сонува. |
10. Ја поминаа првата стража, ја поминаа и втората стража, дојдоа пред железната градска порта и таа сама им се отвори, па излегоа и тргнаа по една улица. Тогаш ангелот исчезна. |
11. А кога Петар дојде на себеси, рече: „Сега се уверив дека Господ навистина испрати Свој ангел да ме избави од Ирод и од она што сакаа да ми го сторат Евреите!“ |
12. Потоа Петар се упати кон куќата на Марија, мајката на Јован, со прекар Марко. Таму имаше многу христијани собрани на молитва. |
13. Чукна на портата. Дојде слугинката по име Рода |
14. и кога му го позна гласот, од радост не му отвори, туку втрча во куќата и им кажа дека Петар стои пред портата. |
15. „Ти не си при себе!“ - и рекоа луѓето, но таа упорно тврдеше дека ја зборува вистината. „Тоа мора да е неговиот ангел!“ - велеа тие. |
16. Петар продолжуваше да чука и кога конечно му отворија и го видоа, се стаписаа! |
17. Им даде знак со раката да молчат и им раскажа како Господ го изведе од затворот, па додаде: „Јавете му за ова на Јаков и на другите браќа - христијани.“ Потоа Петар си замина и отиде на друго место. |
18. Кога се раздени, настана паника меѓу војниците. Не знаеја што се случило со Петар! |
19. Ирод испрати потера, но не го најде. Ги испрашуваше и стражарите, но безуспешно, па нареди да ги погубат. Потоа Ирод ја напушти Јудеја и привремено се пресели во Цезареја. |
20. Ирод беше во многу лоши односи со граѓаните на Тир и Сидон. Тие се здружија, испратија кај него делегација. Го поткупија Бласт, кој му беше собар, и побараа да склучат мир, бидејќи нивната земја добиваше храна од земјата на царот Ирод. |
21. На договорениот ден, Ирод се облече во царска облека, седна на престолот, и му одржа говор на насобраниот народ. |
22. Народот одушевено викаше: „Ова е глас на бог, а не на човек!“ |
23. Во истиот миг ангел Господов го удри со болест, зашто не Му оддаде слава на Бог. Во неговото тело се развија црви од што тој набргу умре. |
24. А Божјата порака се пошироко се проповедаше и бројот на христијаните растеше. |
25. Откако ја завршија мисијата во Ерусалим, Барнаба и Савле се вратија во Антиохија. Со себе го зедоа Јована, со прекар Марко. |