Матеј 14:22-35 |
22. Веднаш потоа Исус ги натера Своите ученици да се качат на бротче и да испловат пред Него кон спротивната страна на езерото, додека Тој не го отпушти народот. |
23. Штом го отпушти народот, Тој се искачи на гората да се моли насамо. Веќе беше ноќ, а Тој си уште беше таму сам. |
24. А бротчето се наоѓаше сред езеро, под удар на силни бранови, зашто дуваше силен ветар во спротивна насока. |
25. Некаде меѓу три и шест часот наутро Исус се упати кон нив, чекорејќи по водата. |
26. Кога Го забележаа како чекори по водата, учениците се исплашија и извикаа: „Ова е дух!“ И почнаа да пискаат. |
27. Но Исус веднаш им проговори и им рече: „Не плашете се, тоа сум Јас; смирете се!“ |
28. Во одговор, Петар Му рече: „Господе, ако си навистина Ти, направи да дојдам до Тебе газејќи врз водата!“ |
29. „Дојди!“ му рече Исус. Тогаш Петар се спушти од бродот и се упати кон Исус одејќи по водата. |
30. Но кога ги виде високите бранови, се исплаши и почна да пропаѓа во водата и да вика: „Господе, спасувај!“ |
31. Исус веднаш му подаде рака, го прифати и му рече: „ Колку малку вера имаш! Зошто се посомнева?“ |
32. Штом влегоа во бротчето, ветрот престана. |
33. Учениците кои беа во бродот паднаа ничкум пред Него и Му рекоа: „Ти Си навистина Божјиот Син!“ |
34. Кога допловија на другата страна дојдоа на Генисаретска земја. |
35. Таму луѓето ги препознаа и разгласија по целата околина, па Му ги доведуваа сите болни, |