Матеј 14:1-21 |
1. Во тоа време, вестите за Исус допреа и до Ирод царот на покраината Галилеја, |
2. кој им велеше на своите службеници: „Тоа мора да е Јован Крстител кој воскреснал од мртвите и затоа има моќ да прави вакви чуда!“ |
3. Бидејќи Ирод го беше уапсил Јована, и во пранги го беше фрлил в затвор, за да ђ удоволи на Иродијада жената на Филип, кој му беше брат на Ирод. |
4. Јован постојано му велеше на Ирод: „Ти немаш право да ја присвојуваш жената на брат ти!“ |
5. Ирод сакаше да го убие, но се плашеше од народот, зашто сите го сметаа Јован Крстител за пророк. |
6. Но, на роденденот на Ирод, ќерката на Иродијада танцуваше пред сите и толку му угоди на Ирод, |
7. што тој со заклетва ђ вети дека ќе ђ даде си што ќе побара. |
8. По совет на мајка си, таа му рече: „Донеси ми ја овде, на послужавник, главата на Јован Крстител!“ |
9. Царот зажали за своето ветување, но поради својата заклетва и поради гостите, тој заповеда желбата да ђ биде исполнета. |
10. Испрати луѓе кои во затворот му ја отсекоа главата на Јован, |
11. и ја донесоа на послужавник кај девојката, а таа ја однесе кај мајка си. |
12. Потоа дојдоа Јовановите ученици, го зедоа неговото тело и го погребаа, а потоа Му јавија и на Исус. |
13. Кога Исус слушна за погубувањето на Јован Крстител, си замина оттаму со бротче и дојде насамо на едно пусто место. Но народот од градовите дозна за тоа и се упати пеш дотаму. |
14. А Тој, излегувајќи од бротчето, виде голема толпа народ. Душата Му се исполни со сочувство и ги исцелуваше болните меѓу нив. |
15. На квечерина кај Исус дојдоа Неговите ученици и Му рекоа: „Доцна е веќе, а местово е пусто. Пушти ги луѓето да се вратат по селата и да си купат храна!“ |
16. А Исус им рече:„Нема потреба да одат; дајте им вие нешто да јадат.“ |
17. Тие Му одговорија: „Ние имаме овде само пет леба и две риби!“ |
18. „Донесете ми ги!“ им рече Исус. |
19. Тогаш им рече на луѓето да поседнат по тревата, а Тој ги зеде петте леба и двете риби, и со поглед кон небото ги благослови и ги раскрши. Потоа им ги даде на учениците, а тие им ги разделија на луѓето. |
20. Сите јадеа и се наситија, а собраа и дванаесет кошници полни со парчиња што преостанаа. |
21. Тие што јадеа беа на број околу пет илјади мажи, а имаше и жени и деца. |